Кога некој е толку долго во оваа проблематика како нас, тогаш се знае што ја прави соработката со нас успешна и посебна: Нашите сервисни услуги.
Благодарејки на 25 годишното искуство, 4000 репарирани вилушкари и официјално авторизирани сервисери според ТОЈОТА стандардите, Термалифт овозможува професионален сервис кој е составен од високостручни кадри и специјализирани возила. Доколку барате редовен сервис на вилушкар, мала поправка, ремонти, периодично одржување или пакет услуга за сервисирање, ние стоиме на располагање.
За било какви прашања и барања, слободно обратете ни се на контактите подолу или пополнете го формуларот за полесно да ги разбереме вашите потреби. Ке ви одговориме во најбрз можен рок.
Типови на сервис кои ги нуди ТЕРМАЛИФТ (на терен или во работилница):
Одговараме навремено на барањата за сервис и поправки со нови, модернизирани Toyota Pro Ace сервисни возила. Возилата се целосно опремени со алат и делови за брзо и непречено работење. Спремноста на возилата е поткрепена и со нашите сертифицирани и искусни сервисери кои ќе оговораат на проблемите кои се јавуваат кај сите типови на вилушкари и платформи.
Трошоците зависат од типот, возраста и интензитетот на користење на вилушкарот. Редовниот периодичен сервис е значително поевтин од поправки поради занемарување, затоа што застојот создава дополнителен трошок за магацинот или производството. Термалифт нуди договори за периодично одржување со фиксна цена по сервис. За сервис јавете се на +389 75 362 911.
Да. Мобилниот сервисен тим доаѓа на локација кога дефектот или проверката може да се реши на терен. Сервисните возила се опремени со дијагностичка опрема, алат и основни резервни делови. Тоа значи дека во многу случаи нема потреба вилушкарот да се транспортира до работилница. За итни интервенции или закажување термин јавете се на +389 75 362 911.
Гаранцијата за репариран Термалифт вилушкар е 6 месеци или 400 работни саати, во зависност од тоа кое доаѓа прво. Гаранцијата ги покрива компонентите што биле санирани при репарацијата, според условите наведени во понудата или договорот. За нови вилушкари гаранцијата е 36 месеци / 3.000 работни саати. OUTLET вилушкарите се продаваат без гаранција по пониска цена, што е јасно назначено при продажба.
Стандардна репарација трае од 3 до 15 работни дена, зависно од состојбата на вилушкарот и достапноста на деловите. По приемот се прави технички преглед и се дава конкретна понуда. По одобрување на понудата, се започнува со работа. Целта е машината да се врати во употреба што е можно побрзо, без да се прескокнат безбедносни и технички проверки.
Да. Термалифт обезбедува резервни делови за вилушкари, палетари, стакери, подвижни платформи и магацинска опрема според брендот, моделот и серискиот број. Деловите на лагер се испорачуваат за 1–3 работни дена, а специјални нарачки најчесто за 5–15 работни дена. За делови јавете се на +389 78 426 258 или +389 75 375 250.
Во многу случаи може да се направи проверка и на машина што не е купена од Термалифт, но тоа зависи од брендот, моделот, достапноста на делови и техничката документација. Најдобро е прво да се испрати модел, сериски број, фотографии и опис на дефектот. Ако машината може безбедно да се дијагностицира и деловите се достапни, сервисниот тим ќе предложи следен чекор. Контакт: +389 75 362 911.
ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ