Ако имате специфични услови за работа како што се: високи температури (леарница, топилница, работа со ситни честички..), многу прашина (стоваришта), ниски температури (ладилници) и сл.
Можеме да ви понудиме разновидна додатна опрема кои помагаат за вашите специфични услови на работа и се наменти за сите типови на машини од различни производители.
Најкористена додатна опрема:
Термалифт нуди бочен помак за прецизно позиционирање на товарот, ротатори за вртење или празнење товар, шепи за ракување со ролни, бали и товар без палета, продолжетоци за вилушки, светла, звучни сигнали, камери и друга дополнителна опрема. Правилниот приклучок може да ја зголеми функционалноста на вилушкарот без купување дополнителна машина. Поврзано: сите делови.
Цената зависи од типот на приклучок, носивоста, хидрауликата и потребната монтажа. Не секој приклучок одговара на секој вилушкар. Треба да се провери моделот, серискиот број, типот на кран, хидрауличните функции, тежината на приклучокот и реалната носивост по монтажа. Приклучокот може да го помести центарот на товар и да ја намали ефективната носивост, затоа проверката е задолжителна пред нарачка. За проверка јавете се на +389 78 426 258.
Да, ако приклучокот е неправилно избран или монтиран. Приклучокот може да ја промени реалната носивост, центарот на товарот и стабилноста на вилушкарот. Затоа мора да се провери дали приклучокот е технички соодветен за конкретниот модел и задача. Неправилно монтиран приклучок може да создаде безбедносен ризик и проблем при сервис или гаранциска проверка.
Да. Термалифт нуди испорака и монтажа на приклучоци според моделот на машината и типот на приклучокот. При монтажа се проверуваат хидрауличните врски, механичкото прицврстување, движењето и основната функционалност. Неправилно поставен приклучок може да ја намали ефективната носивост на вилушкарот, затоа монтажата треба да ја направи стручно лице. За сервис јавете се на +389 75 362 911.
Испратете модел и сериски број на машината, фотографии од кран, вилушки или местото каде треба да се монтира опремата, опис на товарот и што сакате да постигнете: поголема безбедност, полесно ракување, специјален товар или подобра видливост. Така може да се предложи решение што е технички соодветно, а не само додаток што изгледа корисно.
ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ