Типови на Гуми

Термалифт ви нуди различни типови на гуми за вилушкар. Во зависност од вашата специфична апликација, некои гуми може да обезбедат дополнителни продуктивни и безбедносни придобивки во вашата работа.

Најзастапени гуми за вилушкари:

  • Пневматски гуми

  • Полни гуми

  • Лиени гуми

Бидејќи секој вилушкар има специфични каракрестики, потребни се дополнителни податоци пред да се нарачаат гумите. Затоа потполнете го формуларот и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.



Пневматски гуми

Им овозможуваат на операторите полесно возење и обезбедуваат дополнителна армортизација кога вилушкарот се движи врз земја или мека подлога. Воздухот во гумата е компресиран многу повеќе за разлика од гумите кај автомобили или камиони. Тие имаат длабока шара и се направени од силен, долготраен гумен материјал. Овие гуми се идеални за отворен терен.

Полни гуми

Идеални за вилушкари кои се користат во затворен простор и креваат на големи висини. Иако, полните гуми можат да бидат првично поскапи, тие траат подолго и операторите не треба да се грижат за дупчење. Достапни е и немаркирачка варијанта на полни гуми (каучук) кои не оставаат траги на подот и траат 30% повеќе од обичните полни гуми. Гумите се достапни во различни видови шара.

Лиени гуми

Составени од цврст материјал кој е директно притиснат на тркалото. Тие лежат пониско до земјата и нудат помал радиус на вртење, што дава предност во маневрирањето во тесни простори. Тие се првенствено прилагодени за употреба во затворени или поплочени подови, и најчесто ги користат магацинските вилушкари (палетари, стакери, регални вилушкари и слично).

Контакт: +389 78 426-258 (Viber/WhatsApp)

Ваши податоци:


Податоци за тркала:


Прашања и одговори?

Која е разликата помеѓу пневматски и цврсти гуми за вилушкари?

Пневматски гуми, односно гуми со воздух, се погодни за надворешна употреба на нерамен или груб терен. Тие нудат подобра амортизација, но можат да се дупнат. Цврстите гуми се погодни за внатрешна употреба на мазен под, немаат прободување и бараат помалку одржување, но имаат потврда вожња. Изборот влијае на стабилноста, удобноста на операторот, трошењето на подот и векот на машината. Поврзано: сите делови.

Колку чинат гуми за вилушкар и колку траат?

Цената зависи од типот, димензиите, брендот и работната средина. Цврстите гуми можат да траат 1.500–3.000 работни саати, зависно од подот, товарот и начинот на користење. Пневматските гуми имаат поваријабилен век, затоа што зависат од теренот. За цена на конкретна димензија јавете се на +389 78 426 258.

Како се монтираат гуми за вилушкари?

Гумите за вилушкари треба да се монтираат со соодветна опрема и проверка на димензија, тип и позиција на машината. Монтажата на цврсти гуми бара специјализирана хидраулична преса и не треба да се прави рачно. Замената може да се направи во сервисна работилница или на локација, зависно од условите и типот на машината. За термин јавете се на +389 75 362 911, а за гуми на +389 78 426 258.

Кога треба да ги сменам гумите на вилушкарот?

Гумите треба да се сменат кога има видлива истрошеност, пукнатини, лизгање, вибрации, нестабилност или намалена контрола при кочење и вртење. Кај цврсти гуми се следи линијата за замена, а кај пневматски гуми се следи шарата, притисокот и оштетувањата. Истрошени гуми директно влијаат на стабилноста и безбедноста, особено при кревање товар на висина или работа на влажна подлога.

Што треба да испратам за понуда за гуми?

Испратете димензија, фотографии од гумата, модел и сериски број на машината, тип на работа, подлога и дали гумата е предна, задна или ролер кај магацинска машина. Ако има проблем како лизгање, пукање или брзо трошење, наведете го. Така може да се предложи гума што одговара на реалната употреба, не само на димензијата.

ПРОЦЕС НА РЕПАРАЦИЈА

ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ

Прием Контрола
Репарација Контрола
Лимарија и фарбање Контрола
Изложбен салон Контрола
Испорака

БРЕНДОВИ

Toyota
Mitsubishi
Komatsu
Nissan
TCM
Linde
Caterpillar
BT
Shinko
Sumitomo-Yale
Baumann
Genie
JLG
Skyjack
HAKO
UniCarriers Nissan