Кога купувате/вложувате во вашиот електричен вилушкар, една од најбитните ставки е да ја одберете вистинската батерија и полнач за вашата машина.
Термалифт може да ви помогнат да ги одберете вистинските производи и да ги намалите трошоците за одржување и да заштедите на енергија со вашето работење. Со што ќе го максимизирате животниот век на батериите и со тоа ќе ја елиминирате потребата за честа замена или дефекти. Без разлика дали ви треба замена на една ќелија или целосна батерија за вашите машини, нашиот технички тим најдобро може да ви помогне во одлуката.
Ви нудиме најразновидна програма на батерии и полначи за електрични вилушкари и други електрични индустриски машини. Со можност да изберете различна волтажа во зависност од машината (12V, 24V, 48V, 80V и 96V) од разни типови на батерии како:
Индустриските батерии се користат за придвижување на разни електрични индустриски машини и се познати по нивниот висок капацитет, долг век.
Лошо одржуваната батерија го одзема вашето работење од клучното време за производство.
Продолжете го работниот век на батеријата и полначот на вашиот вилушкар со редовно одржување од страна на сертифицираните техничари на Термалифт.
Изберете од различни услуги за батерии за вилушкар и платформи, вклучувајќи:
Доклку ви треба сервис на батерии за вилушкари, платформи и други електрични машини Контактирајте со нас за да закажете!
Литиум-јонската батерија се полни брзо, може да се дополнува во паузи, не бара класично одржување и има подолг животен век. Оловно-киселата батерија има пониска почетна цена, но бара подолго полнење, вентилација и правилно одржување. Литиум-јонска батерија е подобра за повеќесменска работа, додека оловно-кисела може да биде доволна за една смена со ноќно полнење.
Цената зависи од напонот, капацитетот, типот на батерија, димензиите и компатибилноста со машината. Оловно-киселите батерии траат околу 1.200–1.500 циклуси, односно 5–7 години при правилно одржување. Литиум-јонските батерии можат да траат 3.000 или повеќе циклуси. За понуда јавете се на +389 78 426 258.
Батеријата треба да се провери ако машината работи пократко од претходно, бавно се полни, губи сила, се загрева, покажува грешки или не ја издржува смената. Знаци за замена се работно време под околу 70% од нормалното, нерамномерно полнење, корозија или видливо оштетување. Не секогаш проблемот е батеријата; понекогаш е полначот или приклучокот.
Да. Термалифт нуди испорака и монтажа на батерии за соодветни модели вилушкари и магацинска опрема. Замената на оловно-кисела батерија бара специјализирана опрема поради тежината и поради тоа што батеријата често е дел од стабилноста на машината. Во одредени случаи мобилниот сервис може да ја изврши замената на локација. За монтажа јавете се на +389 75 362 911, а за понуда за батерија на +389 78 426 258.
Испратете модел и сериски број на машината, напон, капацитет во ампер-часови, димензии на батеријата, фотографија од плочката, фотографија од приклучокот и тип на полнач. Ако батеријата има проблем, опишете кога се случува: при стартување, под товар, по полнење или по неколку часа работа. Корисно е да наведете и колку смени работи машината, затоа што батеријата мора да одговара на реалниот работен режим. Поврзано: полначи.
ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ