Десет претпријатија кои се македонски економски амбасадори го добија престижното Признание за македонски квалитет, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот на PCM, Стево Пендаровски. 

Оваа манифестација е еден светол пример за оддавање на признание на македонските бренд амбасадори кои успеале да продолжат да делуваат и се залагаат за подобра национална економија и покрај многубројните предизвици со кои сите се соочуваат во 2020 година.

Претседателот Пендаровски порача дека оваа година признанието за македонски квалитет има посебна тежина:

„Вие знаете најдобро, во овие тешки услови колку напори вложивте за компаниите да опстанат, да ги сочувате вработените, да не кратите од нивните плати, а при тоа, да го задржите квалитетот на производите и услугите што ги испорачувате. Затоа признанието за македонски квалитет оваа година има посебна тежина и сите добитници заслужуваат особена почит. Сакам најискрено да им честитам за постигнатото, верувам дека признанието за квалитет ќе биде мотив за уште поголеми успеси во иднина. Во овој контекст, посебно за одбележување е што сe води сметка признанието да го добијат економски субјекти кои се грижат за своите вработени. Се радувам што и оваа година избраните компании, кои се од различни области, се стремат кон општествена одговорност, технолошко унапредување и воведување на иновации во својата област, а при тоа не забораваат да ја чуваат и промовираат македонската традиција“, истакна претседателот Пендаровски. 

Термалифт по втор пат добива Признание за Македонски квалитет, прв пат во 2016-та година, со што го докажува континуираниот прогрес, истрајност и квалитет во сите поминати години, а посебно и сега во ваква состојба.